ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА ROYAL PROM ИЗБОР НА МАТУРАНТИ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

На платото пред  Офицерскиот дом, се одржа Royal Prom – Избор на матуранти на генерацијата. На големата градска матурска забава на отворено, беа прогласени Prom King , Prom Queen и другите членови на матурското „кралско семејство“ на Битола, со  битолските естрадни изведувачи. Настанот беше во организација на интернет порталот Кепенци.мк а целата акција за избор на матуранти на генерацијата 2022. започна со првата дружба и фотографирање со матурантите од СЕУ „Јане Сандански“ на 26 ти мај.

Акцијата е поддржана од Општина Битола, Младинскиот совет, Културниот и Информативен Центар (Офицерски дом) и Здружението на граѓани за афирмација на дигиталната култура.

Кампањата се состоеше од три етапи : Фотографирање на матурантите од сите училишта пред почетокот и за време на нивните матурски прослави, од 17 до 26 мај, гласање на порталот Кепенци.мк каде беа објавени галериите за Royal Prom 2022.

Првата награда значи Prom Queen, отиде во рацете на Ивана Митревска, Prom King тоест најубав матурант е Анѓел Колев, а најубави групни фотографии беа на медицинското и економското училиште.

Од самиот почеток, акцијата е поддржана и од популарниот македонски музичар, битолскиот Супермен Виктор Апостоловски, кој вели дека иако помина повеќе од деценија од времето кога тој бил матурант, се препознава и целосно се идентификува со фрустрираноста на матурантите поради чувството дека се игнорирани од општеството, но и со целта на кампањата малку да размрда, да освести и да сврти внимание кон оваа важна генерациска возраст за иднината на Битола. Тој беше и водител на настанот .

„ Идејата беше матурантите од сите средни училишта во градот преку кампањата Royal Prom да добијат поголема видливост и влијание“, истакна Ангела Плушковска, потпретседател на Младинскиот совет. Таа се надева дека ова ќе прерасне во традиција.

Кампањата на kepenci.mk која беше замислена како забава и игра, иако носи многу сериозна порака, преку медиумот на кој младите денес трошат најголем дел до своето време – Интернетот има за цел да ги мотивира, ангажира, поттикне и обедини матурантите од целиот град и преку настанот Royal Prom да им пренесе порака дека се, и тоа како, важни за Битола и за нејзината иднина.

Кампањата има и хуманитарна компонента – акција во која матурантите заедно со спонзорите и поддржувачите ќе соберат средства кои ќе се донираат на социјално загрозено семејство.