ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ПОКЛОПУВА ПРАВОСЛАВНИОТ И КАТОЛИЧКИОТ ВЕЛИГДЕН

Велигден е еден од најголемите и најрадосните христијански празници и секогаш се слави во недела. Со оглед на тоа што Велигден е еден од таканаречените подвижни црковни празници кој секогаш се празнува во ист ден, датумот на Велигден се менува од година во година.  Годинава и католичките и православните христијани го одележуваат на ист ден – на 20 април.

Велигден секогаш се пресметува меѓу 4-ти април и 8-ми мај, додека католичкиот Велигден е помеѓу 22-ри март и 25-ти април. Датумот на Велигден се одредува според посебни пресметки на астрономијата, математиката и христијанските традиции уште од времето кога астрономите и астролозите пресметуваа по пасхалните таблици од 532 години и го менуваа календарот затоа што задоцнуваше за околу 14 денови.

Основата на оваа пресметка е дека Велигден се паѓа во првата недела по полната месечина, по пролетната рамноденица. Правилото кое важи за православниот Велигден,  е дека православниот Велигден не смее да се празнува пред или на денот на еврејскиот празник Пасха.  Покрај бројните проблеми со кои се соочувало раното Христијанство било и датумот кога ќе се одбележуѕва Велигден. Во 325 година во Никеа тогашните екумени им дале на монасите и астрономите од Александрија да пресметаат , да направат Вечен Велигденски календар што до ден денешен се нарекува Велигденски Круг или пасхална Таблица. Александриските монаси заклучиле дека на секои 532 години Сонцето и Месечината заеднички ги започнуѕваат своите кругови, што подразбира дека деновите се повторуваат и таа вечност ја нарекле Голем Индикт.  Со менувањето на календарот од папата Грегор 13, овие датуми еднаш се оддалечуваат, а потоа се приближуваат. Во секој случај пресметката започнува со почетокот на пролетта, којашто  астрономски, може да биде 20 или 21 март, но при определувањето на денот на Велигден секогаш се зема 21 март. Тоа е почетниот ден во однос на кој се одредува Велигден.

Следна е полната месечина. Веројатно е познато дека Месечината орбитира околу Земјата за околу 28 дена, поради што денот на полната Месечина е променлив. И не само тоа. Важно е да се запамети дека при одредувањето на датумот на Велигден се користат податоци од табелите (од црковниот календар), а не вистинскиот месец што го гледаме. Разликата помеѓу она што го гледаме на небото и она што е напишано на календарот може да биде два дена. Оваа разлика може да изгледа мала, но ако полна месечина е во сабота, на пример, датумот на Велигден може да се помести за цела недела.

Па така, некои од пресметките велат дека во 2026 православниот велигден ќе биде на 12 април, а католичниот на 5 април, в0 2027 – католичкиот на 28 март, а православниот на 2 мај, а повторно поклопување на празникот ќе има во 2028 година кога и католиците и православните Велигден ќе го прославуваат на 16 април.