ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ПОСТАВУВААТ СМИРУВАЧИ НА СООБРАЌАЈ ПРЕД УЧИЛИШТАТА

Започна поставувањето на смирувачи на сообраќајот на сообраќајниците
пред осум училишта во Битола. Ќе бидат поставени пешачки премини, флексибилни столбчиња, сообраќајни знаци кои обележуваат зона на училиште и зона со ограничена брзина.

Пред основните училишта „д-р Трифун Пановски“ и „Св. Климент Охридски“ во Битола, денес започна поставувањето на сообраќајната сигнализација и смирувачите на сообраќај.

Позитивните искуства на поставувањето на смирувачи на сообраќајот на четири локации од двете страни на улицата „Булевар 1 Мај“, односно кај Државното средно музичко училиште, гимназијата „Јосип Броз Тито“, економското училиште „Јане Сандански“ и кон основното училиште „Д-р Трифун Пановски“, покажаа дека оваа конкретна мерка донесе зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се за зголемување на сигурноста на пешаците, со акцент на зголемена безбедност на учениците како најмлади учесници во сообраќајот.

Па така, во наредните денови, смирувачите и сигнализацијата ќе бидат соодветно поставени и пред основните училишта „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“,  „Ѓорѓи Сугарев“ и кај средното општинско училиште „Таки Даскало“.

Согласно изготвената документација и склучениот договор за набавка, транспорт и монтажа, Општина Битола ќе инвестира 3.734.877 денари за поставување на смирувачи на сообраќајот на осум локации, вклучувајќи: вешатачка издаденост – издигнат пешачки премин, гумирана вештачка испакнатина, флексибилни ретрорефлектирачки гумени столбчиња, како и сообраќајни знаци за: издаденост на патот, обележан пешачки премин, зона школо, знаци за завршеток на зона школо, како и знаци за зона во која е ограничена брзината и, завршеток на зоната во која е ограничена брзината.