ТЕРА

REKLAMA???

СЕ РАЗГОВАРАШЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОГРЕВНО ДРВО ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

На средба во Здружението на пензионери во Битола со генералниот директор на ЈП Национални шпуми, се разговараше за огревното дрво за пензионерите.

Од Здружението велат дека и покрај тоа што претходно беше донесен заклучок во 2023 година Здружението да не посредува при набавката на огревно дрво за пензионерите од како што велат, познатите причини што за 2022 година имале огромни проблеми при испораката на огревното дрво од страна на операторите, заради големиот интерес, како што стои во соопштението се донесе одлука да не се прекини со посредувањето при набавката на огревново дрво.

На средбата се разгледаа можностите за престојната грејна сезона пензионерите да може да се снабдат со огревно дрво со плаќање на рати.

Претседателката на здружението Даница Петличкова информирала за проблемите од ланската година и посочила дека неместо до крајот на септемвери ланската година, испораката завршила во првата недела од февруари оваа година.

Директорот на Национални шуми Валентин Груевски објаснил дека јавното претпријатие распишува тендер за оператори- превознивци и им ги продаваат договорени количини на огревно дрво и дека како претпријатие тие понатаму немат информација каде, како и по која цена ќе ги продаваат договорените количини на огревно дрво.

Од тука, рекол Груевски, Нациоинални шуми не може да им гарантира на Здружението на пензионери Битола нити за навремена испорака, нити за висината на цената, ниту за квалитетот на огревното дрво.

Исто така беше посочено и за зголемувањето на цената со одлука на владата од 20 проценти. За да се избегне тоа зголемување беше договорено здружението на пензионери Битола да ги исплати во целост паричните  средства на операторите поради задржување на договорената цена. Исто така здружението ја платила и разликата од 100 денари по просторен метар за превозот, за и тоа да не биде на товар на пензионерите.

Од средбата се донесе заклучок за можноста за посредување при набавка на огревно дрво да се одржи состанок со оператотите кои ќе го добијат тендерот од Национални шуми.

Ланската година и во набавката на огревно дрво влијаеше економската и енергетската криза.