Нов Ротари клуб во Битола. Името му е Ротари клуб Битола Пелистер. На гала вечер беше промовиран, а чартер претседател за 2022-2023 година е Филип Стојчевски.

„Со формирањето на третиот Ротари клуб, кој се нарекува Ротари клуб Битола Пелистер, Битола добива уште една организација на млади и иновативни лидери, кои што со нетрпение очекуваат да го дадат својот придонес за позитивна промена во нашата заедница, која е и тоа како потребна во овие тешки и специфични времиња“ вели Филип Стојчевски.

На гала вечерта беше присутен и им се обрати на присустните гувернерот на дистриктот 1912 Душан Петерковиќ.

„Дистриктот 19-12 што значи Словенија и Северна Македонија во овој момент има 1620 членови. Овој нов клуб многу значи за нашиот дистрикт, бидејќи претседателот на Ротари интернационал си зададе план дека оваа ротариска година, членството ќе го подигне од 1,2 на 1,3 милиони членови. Нашиот дистрик т Словенија-Република Северна Македонија оваа година отвори два нови клуба во Словенија, едниот кој се отвора денеска тука и уште два кои се во план да се отворат до крајот на оваа ротариска година“ вели Петерковиќ.

Ќе се работи интерактивна апликација за сите пешачки патеки на Пелистер.

„Донациите од гала вечерта ќе бидат наменети за изработка на една интеркативна апликација со која што ќе овозможиме мапирање на сите пешачки патеки на Пелистер и со тоа да го поддржиме туризмот во Битола, да му овозможиме на сите посетители, љубителите на планината, оние кои што сакаат да го истражат Пелистер да имаат една апликација со која што ќе можат многу полесно да се движат низ патеките, да дознаат нешто повеќе за Пелистер“ вели Стојчевски.


Беше доделеа повелбата за основањето на клубот, претставени беа членовите, а имаше и доделување на ротаријански значки.












