Oд Oпштина Новаци информираат дека во соработка со АД Водостопанство, подружница Битолско Поле денес започнаa со чистење на 10-от одводен канал.

Досега е исчистена делница во должина од 750 метри, моментално се чисти нискостеблеста вегетација како и отстранување на трска и шамак со оформување на косините по бетонираниот дел од каналот низ Новаци.

Активностите се дел од програмата и планот за работа, а во првата фаза предвидено е да се исчистат 3000 метри.

„Чистењето на 10-от одводен канал во голема мера ќе ги подобри условите за земјоделците, превентивно ќе делува од поплави, но бенефит ќе има и месното население во Новаци како и енергетскиот систем со прибирање на водите од РЕК – Битола“ вели градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.














