Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок, Тајланд по силниот земјотрес што о погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.

Службите за итни случаи претходно соопштија дека 50 лица се наоѓале во зградата што се урна во паркот Чатучак по земјотресот што го погоди Мјанмар, Тајланд, а бил почувствуван и во југозападна Кина.

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди центарот на Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг, на длабочина од 10 километри.













