ТЕРА

REKLAMA???

СИМФОНИЈАТА БР.5 ОД МАЛЕР ПОСЛЕ ДОЛГИ ГОДИНИ ПОВТОРНО ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ПУБЛИКА

Оркестарот на Македонската филхармонија ја изведе маестралната Симфонија број 5 од австрискиот композитор Густав Малер, под диригентската палка на маестро Вања Ѓумар Николовски, на концертот насловен „Благден“.

Оваа симфонија е безвременско ремек–дело кое совршено ја отсликува неговата мисла „симфонијата е како светот, во неа треба да има сѐ“. Живот, љубов и смрт. Симфонијата е напишана во периодот меѓу 1901 и 1902 година. Премиерно била изведена на 18 октомври 1904 година во Келн.

Вања Николовски Ѓумар во деведесеттите години развива богата диригентска дејност настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија (меѓу кои и Македонската филхармонија, хорот на Македонската радио-телевизија, хорот „Мирче Ацев“ и др.), а Македонската опера и балет е неговата матична куќа.

„Бескрајната творечка љубопитност подоцна го води и во други творечки правци – минимализмот, џезот, фолклорот, не само на сопствената земја, туку и на другите народи од различни континенти“, известија од Филхармонија.