Не смеат функционерите да заборават дека, макадамот по селата и улиците е повистински, поавтентичен и помек од килимот по скапите хотели и канцелариите, е една од пораките што лидерот на ВМРО ДПМНЕ синоќа ја прати од прославата на 35 роденден на ВМРО ДПМНЕ, што се случи во Битола на Хераклеа.
„Денеска, кога ја одбележуваме јубилејната година од основањето на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, на денот кога го славиме не само бројот на годините, туку и патот што го минавме како народ и како политичка сила, се чувствувам повикан и обврзан да зборувам за она што сме, што бевме и што ќе бидеме. Овој ден не е само празник, туку повик на одговорност, повик на надеж и повик на заедништво. ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци, се бореше за својот идентитет, за слобода, за правда. Ние сме оние кои што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија, кои не ги забораваме корените, ни темелите на кои е изградена македонската државност“ рече Мицкоски.
Мицкоски зборуваше и за тоа дека последните седум години, беа години на катастрофално владеење од страна на СДСМ и ДУИ и дека нивниот влез во Владата пред една година беше повеќе од промена на една обична владина гарнитура. Тоа, според Мицкоски беше нов почеток и потврда дека народот не заборавил, дека народот не се откажал, и дека сега почнуваат да градат темели – темели на промени, темели на чесност, темели на работа и темели на правда. Целата наша енергија и секој наш чекор се насочени кон обновување и стабилизација на државата. Затоа, да не заборавиме – нашата фотелја не е крајна цел, туку должност. Должност кон народот, кон Македонија, потенцираше во својот говор лидерот на партијата.
„И немојте никогаш да забравите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и конечно, каде ќе се вратиме по сето ова. Најскапата работа што еден човек може да ја остави на своите потомци, не се парите, не е имотот, туку честа и чистиот образ. Како што мудро знаат нашите да кажат, не смеат функционерите да заборават дека: макадамот по селата и улиците е повистински, и поавтентичен и помек од килимот по скапите хотелите и канцелариите“ им порача Мицкоски.
Несовесното седење во фотелјата носи срам и разочарување, додаде претседателот на ВМРО ДПМНЕ.
„ Достојното и пријателско седење на столчето или гајбата пред кооперацијата, на клупата во маалото, носи пријатели, поддржувачи и вистинска сила за идејата. Таму лежи основата на вистинската политичка иднина на честа и на нашиот образ. Во овие мигови на промени, апелирам до сите наши функционери и членови: не заборавајте кој сте, од каде дојдовте, и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот. Да демонстрираме волја и докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти како оние кои владееја со земјата во минатото“ кажа Мицкоски.
Мицкоски кажа и дека не можат да дозволат да ги кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси. Пораката беше до опзоициската СДСМ. И да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно во Владата. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен. Она што Венко Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори. Ние не сме тука за да изградиме праведно општество, во кое нема да има непривилегирани, туку напротив ние сме тука за да изградиме општество во кое ќе нема привелигирани. Тука сме за да изградиме правда за сите. И за тоа ќе бидеме безмилосни кон секој кој ќе ја злоупотреби довербата на народот, кажа тој.
Кажа и дека занел колку тешко се живее во Македонија, дека ги слуша нивните приказани приказни, грижи, надежи. Затоа, рече Мицкоски оваа влада ќе продолжи да работи максимално, без одмор, без отстапки, до моментот кога секој човек ќе ја почувствува промената.












