ТЕРА

REKLAMA???

СИНОЌА ДЕЛОВИ ОД БИТОЛА БЕЗ СТРУЈА

Во текот на ноќта делови од градот останаа без електрична енергија, во време кога имаше врнежи од дожд.

Од ЕВН велат дека поради силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд, настана дефект на среднонапонскиот 10кВ извод поради што дел од градското подрачје во Битола остана без снабдување од 02:20 часот до 04:40 часот.

„Екипите на Електродистрибуција непрестано работеа во текот на овие утрински часови и успешно го нормализираа снабдувањето со електрична енергија на засегнатите корисници“ велат од ЕВН.

Фото: Илустрација