Синоќа на плоштадот „Магнолија“ во Битола имаше протест против францускиот предлог. Организиран преку социјалните мрежи со мотото „Не за францускиот предлог, не за ултиматум“.

„Да искажеме гласно не против францускиот предлог, кои ни го налагаат, прво тоа го направи францускиот претседател Макрон, а потоа сите од Европската унија и со кој се негира се што е наше македонско. Друг ќе ни диригира како да се викаме, како да се чувствуваме и да кажеме кој и како се борел за нас“ беше речено на протестот.

Беше речено и дека протестот е во знак на поддршка на протестот пред Владата од страна на битолчани кои не се во можност да патуваат до Скопје, а сакаат да го изразат своето незадоволство против францускиот предлог како услов за кревање на бугарското вето.

Учесниците на протестот по говорот на плоштадот „Магнолија“ тргнаа низ битолски Широк Сокак се до Офицерскиот дом, каде исто така имаше обраќање.


















