Со срце исполнето со болка ја примив веста за трагедијата во Кочани, каде што згаснаа десетици животи, а многумина се повредени. На семејствата на загинатите им упатувам длабоко сочувство за ненадоместливата загуба, болка којашто зборовите не можат да ја опишат, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
„Во овие тешки моменти, рано утрово посетив дел од повредените во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, каде што им посакав брзо закрепнување, со верба дека ќе ја добијат сета потребна поддршка и грижа.
Ги повикувам сите надлежни институции за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности што доведоа до оваа несреќа. Не смееме да дозволиме пропусти, небрежност или системски слабости да станат причина за нови загуби на човечки животи.
Благодарам за солидарноста од соседите кои во овие тешки моменти, веднаш ја понудија нивната поддршка и помош. Апелирам да останеме сплотени, да покажеме заедништво, хуманост и одговорност“ рече претседателката Сиљановска-Давкова.
„Ова е страшно, никогаш да не се повтори. Таа истакна дека ја споделува болката со родителите, додајќи дека не може да поверува како ова се случило“ вели претедателката.












