ТЕРА

REKLAMA???

СКОРО СИТЕ ОПШТИНИ ВО ПЕЛАГОНИЈА СО НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ

Општина Долнени е единствената општина од Пелагонскиот регион со позитивен природен прираст  во првото тримесечје од 2022 година, односно во оваа општина статистиката бележи повеќе живородени деца од умрени лица. Во овај период во Долнени се родиле 37 бебиња, а починало 31 лице, со што природниот прирас е 6.  Се склучиле 20 брака, а има еден развод.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, Битола после Скопје е град со највисок  негативен природен. Во првите три месеци од годинава во Битола  се родени  176  бебиња, а починале 418 лица, со што природниот прираст  е – 242.Во овај период  на ниво на општина Битола се склучиле 70 брака, а се развеле 9 парови.

Прилеп има природниот прираст –215, односно во првото тримесечје од 2022 се родиле 120 бебиња, а починале 335 лица.Се склучиле 86 бракови, а имало 27 разводи.

Во Ресен се родиле 23 бебиња, 91 лица починало, природниот прираст е – 68. Се склучиле 32 брака, а овде за ова тримесечје се добиени  2 извештаи за разведени бракови.

Во Демир Хисар се родиле 15 бебиња, починале 48 лица, природниот прираст е -33. Во овај период нема разводи, а се склучиле 4 брака.

 Крушево е со природен прираст од -15, односно во првите три месеци од 2022 се родиле 15 бебиња, а 30 лица починале.Се склучиле 2 бракови, а разводи нема.

Ништо подобро не е ниту во руралните средини каде во Општина Могила се родиле 6 бебиња, а 28 лица починале, природниот прираст е -22, во Новаци пак има 10 новороденчиња, а 17 починати. Природниот прираст е -7. Во Могила се склучил еден брак, а еден пар се развел, а во Новаци се склучиле 2 брака и има еден развод.

-22 е природниот пристат во општина Кривогаштани каде се родиле 8 бебиња, а 30 лица починале. Се склучиле 5 бракови, а се добиени  2 извештаи за разведени бракови.

И на ниво на држава природниот прираст е негативен – 3418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.  Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година, живородени се 4 009 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 %. Во првото тримесечје од 2022 година, умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 468 бракови, а нивниот број е намален за 8.4 % во споредба со истиот период од 2021 година. Во ова тримесечје се добиени 459 извештаи за разведените бракови.

фото: Википедија