Утре со почеток во 19:00 часот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола ќе се одржи промоција на сиковниците „Другарко“ и „Другарка, Другарко и двете маченца“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, илустрации Наташа Костовска, а во издание на издавачката куќа „Прозарт медиа“.

Овие две сликовници ја обработуваат инклзуијата, односно главните ликови се лица со атипичен развој.

Денис Јанкуловски, кој е воедно и претседател на здружението „Аутизам ААМК“ преку големиот број активности на здружението а сега и со своите сликовници дава дополнителен придонес во осумгодишната секојдневна борба за прифаќање, почитување и инклузија на лицата со атипичен развој во секодневниот живот. Другарка и Другарко, како претставници на таа категорија лица сакаат да покажат дека и атипичните иако различни сепак и тие имаат желби, можности, потреби како и секое друго дете.

Секоја промоција е инклузивна па така и оваа организаторите со голема радост најавуваат дека и оваа промоција ќе биде збогатена со песни, танц, рецитал и изложба со учеството на:
– Лука Ристановски, „Среќа набери“
– Вероника Кочов со своја изложба како дел од Ателје “Adam`s art” и Карате Клуб „Заншин До“
– Јована Ристановска, „Прекрасен свет“
– Тамара Шерденков, „Нашето училиште“
– Кловнот Заги и неговиот најдобар другар Јусуф од ОУРЦ „Кочо Рацин“, рецитал „Станица на радоста“ и песна “Кирилица“
– Танцов спортски клуб „Спортакус“.

Aвторот Денис Јанкуловски – Космонаутко ќе разговара со издавачот Дејан Трајкоски, а присутните ќе имаат можност да се запознаат со ликовите од сликовниците: Другарко, Другарка, мачињата Рони и Бони и уште еден куп други Другарки и Другари!














