На разгледувањето на Локалниот еколошки акционен план за животна средина на Општина Битола за период 2024-2030 година, на Комисијата за животна средина, претставникот на Општина Битола зборувајќи и за амбиенталниот воздух во Битола рече дека помало било загадувањето на амбиенталниот возух во Битола.

„Во делот на амбиенталниот воздух има неколку работи кои што во последниот период беа реализирани и ние сме сведоци дека сега имаме нешто помало намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, за разлика од 2014, 2015, 2016 година, кога загадувањето навистина во зимскиот период беше многу големо. Така што сега мерки и критериуми што се воведоа, можеби и временските услови придонесуваат да имаме подобар амбиентален воздух“ рече меѓу другото Љубо Атанасовски, претставник од Општина Битола.
Тој исто така зборуваше и за трите милиони евра за субвенции за клими, активност што се реализира и кажа дека ниту еден град во Македонија нема таква реализација за клими, како што сме имале ние во Битола, ниту Скопје немал таква работа, рече тој.












