Синоќешните врнежи од снег, формираа снежна покривка во потпелистерието. Вака беше синоќа на терените на ски-центарот Нижеполе.

Од Стрежево велат дека се подготвуваат за пролетно скијање во март.

За денесна метеоролозите не прогнозираат врнежи од снег, времето ќе биде променливо облачно.
Утре пак претежно сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец, со утринската температура до -3 и дневната до 14 степени.












