ТЕРА

REKLAMA???

СОВЕТОТ ЕДНОГЛАСЕН ЗА ЈАПОНСКИТЕ ПАРИ

Советот на Битола денеска одржа вонредна седница. Темата беа пари, односно донанција од јапонската амбасада. Одржувањето на оваа седница беше на барање на гардоначалникот Коњановски за проширување на средствата во буџетот на општината, односно се зголемуваат приходите за 4,930,195 денари и истите се распределуават на расходната потставка капитални расходи за основно образование за реконструкција на други објакти.

На седницата од 31 советник присуствуваа само 20, но тоа не го спречи одржувањето, односно полноважното одлучување оти имаше кворум. Едногласно констатираа дека барањето за свикување на оваа седница беше оправдано.

Никој од советниците не достави изветсување дека има конфликт на интрреси, нешто што е редовна пракса за секоја седница, пред да започнат да работа.

И за дневниот ред сите беа едногласни.

На отворениот претрес по предлогот никој не се јави за збор, ниту па имаше прашање. И се премина на гласање, едноглансо беше усвоена точката, за донацијата од јапонската амбасада за реконструкција на кровот на ОУ „Св. Климент охридски“.

Седницата која заедно со интонирањето на хумата траеше вкупно само 5 минути и 7 секунди, а дел од советниците имаа дружба со мобилните апарати и лево и десно, што не е прв пат, а сега особено за една толку куса седница.