ТЕРА

REKLAMA???

СОВЕТОТ ЌЕ РАСПРАВА ЗА НОВИ ЛИНИИ СО ЦЕНИ НА „ПЕЛАЛИНК“

На 50та седница на Советот на општина Битола ќе се расправа по предлогот на меѓуопштинското јавно претпријатие „Пелалинк“ за измени на правилникот за возни линии, возен ред и вредноста на билетот за линискиот превоз на патници.

Советниците на 50та седница најавена за 28 овој месец на темите поврзани со меѓуопштинсската соработка ќе расправаат и за предлогот на претпријатието кое се занимава со линиски превоз на патници. Предложените измени водат до промени на линиите, се додаваат нови, се прави измена на цената на билетот во еден правец.

Така,

Линијата од Могила до Мојно има поаѓа во 5.30часот, минува низ Трап, Будаково, крај подрачното училиште во Дедебалци , алинци, подрачното училиште во Добрушево, за во 7.30 часот да стигне до Мојно. Потоа продолжува кон селата Мусинци, Ношпал. Поаѓањето за назад е од 13.00часот од подрачното во Добрушево, на 10тина минути ги минува сите споменати места и поаѓа кон назад од Општина Могила во 14.10 минути. Оваа линија се одржува од понеделник до петок во период од 1 септември до 31 декември и од 20 јануари до 10 јуни.

Цените се движат според километрите оддалеченост, а највисоката е на дистанцата Могила – Мојно кадешто цената на билетот во еден правец , предложено е , да чини 110 денари.

Линијата од Могила кон Ивањевци поаѓа во 6.30 мин, а од Ивањевци кон Могила се враќа во 12.50часот. односно 13.55 часот поаѓа за назад од Општина Могила. Со оваа линија се опфатени селата БЕранци, Долно Српци, Лознани, Вашарејца, Трновци, Подино и сообраќа во истиот временски период поврзан со учебната година на основните и средните школи. И тука предложено е цената да изнесува 110 денари во еден правец.

Според општинската одлука за општински линиски превоз на патници  во Општина Новаци:

Линијата Новаци – Далбеговци има два термини за поаѓање – едниот е во 6.30часот , а другиот 12.50часот. Автобусите се враќаат 7.20ч односно 13.40часот. Опфатени се селата Добромири, горно и долно Агларци , а  предложената цена Новаци- Далбеговци е 60 денари во еден правец.

Линијата Брод-ГЕрмијан исто така има две времиња на поаѓање. Во 7.00часот и 12.00часот автобусот поаѓа од Живојно,Брод, ГЕрмијан и Бач, а предложената цена се движи од 30 до 80 денари согласни изминатите километри за возење.

Автобуската линија Новаци-Рапеш поаѓа во 5.50 минути и во 13.10часот. Ги опфаќа селата Новаци, Арматуш, Маково и Рапеш. Назад се врачќа во 7.10 односно 14.30,а предложената цена е од 30 до 150 денари во еден правец.

За линијата Новаци- Гнеотино предложено е да се користи возилото коешто ја вози линијата Новаци -Рапеш. Од Новаци поаѓа во 7.10ч односно 12.20 , во Рибарци се очекува да биде 12.55ч, а 7те километри до Гнеотино да ги мине до 13.00часот. предложената цена е 30 односно 40 денари, а времето на поаѓање е 7.20 и 13.00 односно 13.10 часот.

На 50та седница на битолскиот општински совет ќе се расправа и за линијата Шехерезада – Кременица-Шехерезада. Предложените поаѓања се 6.45 часот, 8.00чаот, 12.50часот и продолжување на 13.40ч и 19.30часот . Линијата вклучува 7 села и градското стојалиште кај Шехерезада. Предложеното поаѓање назад е од Кременица ее 5.55ч, 7.10ч, 12.00ч, 14.35часот и 20.30часот. Цените пак за кои ќе се зборува се движат меѓу 50 и 105 денари во еден правец. Возниот ред со различните часови на поаѓање има два режими на одржување. Едниот е врзан со училишната година, а другиот– се реализира од 1 до 19 јануари односно од 11.јуни до 31 август и тоа во вторник и петок. За време на празници оваа линија не се одржува.