Советот на Општна Битола денеска информира дека 26-тата седница на Советот на Општина Битола ќе продолжи на ден 24.04.2023 година (понеделник) со почеток во 10 часот.
Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска на својот фејзбук профил во четвртокот вечерта меѓу другото напиша:
„Ниту бев спречена, ниту бев отсутна, само ја прекинав седницата согласно Деловникот за работа“ вели Илиевска.












