Утрово -7 степени во Берово, -5 Скопје-Петровец, -4 Попова Шапка, Маврови Анови, Штип, Тетово, Струмица, Демир Капија, Гевгелија, -3 Крива Паланка, Битола, -2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Крушево, Виница, Куманово, Прилеп, -1 Претор, 2 Дојран.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утрово е сончево со мала, а во југозападните делови со умерена облачност.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Битола до 8 степени.












