Утрово -3 степени во Берово, -2 Скопје-Петровец, Маврови Анови, Битола, Струмица, -1 Демир Капија, 0 Тетово, Штип, 1 Гевгелија, Претор, Охрид, Прилеп, Попова Шапка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 4 Виница, 5 Дојран, Крушево.
Во текот на ноќта времето беше ведро со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Битола до 16 степени.












