Минимални температури измерени утрово: -3 Берово, 0 Лазарополе, 2 Струмица, Попова Шапка, Маврови Анови, 3 Битола, Тетово, Демир Капија, 4 Штип, Крива Паланка, Прилеп, 5 Крушево, 6 Охрид, Виница, Пожаране, 7 Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 8 Велес, Тополчани.
Во текот на ноќта и изутринава се задржа претежно ведро, понекаде со слаб променлив ветер. Утринава во дел од котлините има појава на слаба магла и ниска облачност.
Времето денеска- наутро во дел од котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Битола и околината температури до 20 степени целзиусови.












