ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ

Утрово -10 Берово, -9 Попова Шапка, -7 Крива Паланка, -4 Претор, Маврови Анови, Крушево, -3 Штип, Струмица, Виница, -2 Скопје-Петровец, Битола, Охрид, -1 Куманово, Демир Капија, Прилеп,  0 Скопје-Зајчев Рид, 1 Тетово, 4 Гевгелија, Дојран.  

Во текот на ноќта времето беше умерено до значително облачно, на места со слаб ветер од северен правец.

Утрово во западните и јужните делови се уште преовладува умерено до значително облачно време, а на истокот и североистокот е претежно сончево. Дува слаб ветер, претежно од северен правец.

Денеска наутро умерено до значително облачно, особено во западните делови. Уште од претпладне облачноста ќе се намалува, па ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени. Во Битола до 6 степени.