ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И ТОПОЛО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 27 СТЕПЕНИ

Утрово 6 степени во Берово,  9 Попова Шапка, 10 Битола, Струмица, Лазарополе, Крива Паланка,  Куманово, 11 Тетово, Гевгелија, 12 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Велес, Кавадарци, 13 Претор, 14 Виница, Дебар.

Најмногу дожд 6 л/м2 наврнаа во Лазарополе, 2 Штип, Охрид, Виница, Прилеп, Крушево, 1 Битола, Дебар, Попова Шапка, Струмица, Гевгелија, Велес, Претор, Демир Капија, Радовиш–Пожар, Кавадарци, Маврови Анови.

Во текот на ноќта беше променливо облачно, утринава зголемена облачност се преместува од западниот кон источниот дел и дува слаб до умерен променлив ветер кој е изразен на поголемите надморски височини.

Денеска наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 24 до 29 степени. Во Битола до 27 степени.