Утрово 10 степени во Лазарополе, 12 Маврови Анови, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Крива Паланка, Тетово, 15 Охрид, Претор, Дебар, 15 Прилеп, Струмица, Крушево, 17 Скопје-Петровец, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Виница, 19 Велес, Кавадарци, Демир Капија, 20 Гевгелија.
Дожд врнеше на Попова Шапка, во Битола и Тетово.
Во текот на ноќта беше претежно ведро. Утрово во западните делови е сончево, а во источните со умерена, наместа и значителна облачност. Дува слаб променлив ветер.
Денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Битола до 30 степени.












