ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 10 СТЕПЕНИ

Минимални температури  (во °С) -4 Берово, -3 Битола, -2 Тетово, Скопје-Петровец, Маврови Анови, Демир Капија, -1 Велес, Прилеп, Струмица, Дебар, 0 Охрид, Крива Паланка, Штип, Куманово, Кавадарци,  Скопје-Зајчев Рид, 1 Претор, 2 Виница, Попова Шапка,  4 Крушево, 6 Гевгелија.  

Висина на снежна покривка во 07 часот (во сm)  34 Попова Шапка, 26 Маврови Анови.

Во текот на ноќта по котлините се создаде магла и ниска облачност, а во останатите делови од земјата беше ведро и претежно тивко. 

Времето денес, наутро ќе има појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Битола денес сончево време со мала локална облачност. Температурите ќе се движат од -3 до 10 степени.