Сончево со умерена облачност, во Битола до 24 степени

Времето денеска сончево со умерена облачност. Во североисточните делови во пладневните часови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 27 степени. Во Битола до 24.

Утре сончево и топло со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер.

Сподели