Здружението на пензионери Битола ги информира пензионерите од Битола, Новаци и Могила дека можат да се јават на јавниот оглас објавен од Министерството за енергетика, рударство и минерално сурови за поддршка на домаќинствата кои спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за доделување право на купен и вграден инвертер клима уред за домаќинството.
Право да аплицираат имаат домаќинства со ниски приходи и домаќинства во кој единствен приход е пензија. Краен рок за пријавување е 5 октомври 2025 година.
За критериумите и условите за право на учество, повеќе информации на на телефонските броеви 071 319 074 и 070 381 162.












