Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата.
Засега остануваат да важат мерките за задолжително носење маска во јавниот превоз, здравствените домови, аптеките, домовите за стари лица и лица со попреченост.
Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот.












