ТЕРА

REKLAMA???

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаби врнежи од снег, кои во моментов не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот, бележиме на следниве патни правци: Тетово – Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Фото: Архива