ТЕРА

REKLAMA???

СО ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ ЗА „СЕЈФ СИТИ“ И ВО БИТОЛА

За време на посетата на Битола, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев го прашавме за проектот „Сејф сите“ кој е најавено дека од 1 јануари 2026 година ќе започне во Скопје, Куманово и Тетово, а од средината на следната година и во другите градови вклучително и Битола, како и за тоа дека Општина Битола има изработено студитија за безбеден град.

„Сетот на закони кои што треба да бидат изменети во делот на сообраќајните решенија поврзани со „Сејф сити“ и одредени други технички работи како што споменавте заштита на лични податоци итн, тоа се отприлика седум закони, сет од седум закони од кои што дел веќе се во процедура, интензивно се работи на тоа и мора да се создадат сите предуслови на почетокот на 1.1.2026 година да отпочне реализацијата, реално со имплементација на целиот проект во градовите кои што ги споменавте. Битола секако е еден од градовите во втора фаза кадешто ќе биде имплементиран проектот „Сејф сити“.

Поентата што е овде?

Разговаравме со градоначалникот да не се дуплираме бидејќи станува збор за два различни системи. Едно е тоа што ќе го имплементира општината кое што ќе биде во рамки на, или би го имплементирала во рамки на урбаната инфраструктура, во рамки на заштита на училишта, спортски објекти итн. места каде што се жешки точки, ние полициски така ги викаме, жешки точки во рамките на општината кои што треба да бидат под мониторинг, а секако разговаравме дека пристап до надзоро односно до увид во сите тие камери да има и полицијата бидејќи ние сме овде рамо до рамо заедно со локалната власт да помогнеме во интерес на граѓаните.

Безбедноста е интерес на сите нас. Полицијата е една можеби од поголемите алки, меѓутоа не е единствена која што е одговорна за јавната безбедност. Исто така во овој дел разговаравме и дека има многу проблеми, меѓутоа тоа е една од опциите коишто во иднина и ќе ги оптимизираме ресурсите, ќе се оптимизира човечкиот потенцијал и техничкиот потенција, а разговаравме дека општината има инвестирано сериозни финансиски суми во делот на урбаната инфраструктура која што треба да ја заштитиме, а ако некој се обиде да ја уништува да го изведиме, исто така да го исправиме пред законот и на крајот од денот да биде надоместена штетата. Најважно за двата проекти е да не се дуплираме, односно ако ние во еден дел имаме инвестиции, планирани инвестиции согласно проектите, во другиот дел општината само да биде надополнување на нашиот проект“ рече директорот на Бирото за јавна безбеност.