ТЕРА

REKLAMA???

СО ЕДНО МИНУТНО МОЛЧЕЊЕ ОДДАДЕНА ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ

Со едно минутно молчење за жртвите од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, започна денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола.

На неа беше изгласана одлуката за доделување на финансиска помош за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија од Буџетот на општината Битола.

Како што вчера соопшти градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, со оваа одлука се обезбедуваат 500.000 денари како првична помош од локалната самоуправа, во границите на можностите.

Инаку од Битола од Дирекцијата за заштита и спасување замина тим во регионите погодени од земјотресите.