На програмата на Тера телевизија започна серијалот интервјуа, односно претставување на кандидатите за градоначалник на Битола според ждрепката за редоследот на гостувања. Прв беше Јорго Огненовски, кандидат за грaдоначалник на Битола од партијата Демократи.

Со него зборуваме за мотивот, односно желбата да се биде градоначалник, зошто да гласаат граѓаните за него, а не за еден од другите седум. Побаравме да претстави и три капитални проекти, но реални и остварливи и рок на завршување.












