Дали на носењето на буџетот ќе му претходи партиски пазар или општината со граѓаните и советници ќе скројат вистински граѓански буџет, го прашавме советникот од СДСМ, Борче Корлевски кој денеска со неговите колеги беше дел од првата од вкупно четирите форумски сесии, низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година.

„Интересно е прашањето за оваа година, ако се знае дека наредната е веќе изборна година, во која што влегуваме во локални избори и практично прашањето е отворено дали ќе се најди компромис, место за разговор. Потребно е навистина за градот, за Општина Битола да биде буџетот изгаласан во интерес на сите, меѓутоа навистина ќе биди, бидејќи сега е отворено прашањето и да не биде изгласан и да се продолжи, потоа ако гледаме хипотетички дали се плашат политичарите она што рековте некоја политичка криза во која ќе се заврши на избори, нормално после шест месеци па и доаѓа и онака рокот на избори и останува да виси тоа прашање, реално вака гледано од страна, но не би сакал да има проблем, меѓутоа отворени се сите прашања“ вели Корлевски
Форумот, вели Корлевски е начин на кој би требало да се креира буџетот.
„Меѓутоа во суштина од она што го видовме е дека повеќе се разговараше за проблемите што ги имаат граѓаните, тековни, моментални, секојдневни, дека имаат проблем со канализација, со немање на вода, приклучоци за струја, нереагирање на инспекциските служби и ткн. работи кои општинската администрација им одговараа дека тоа се работи за кои што секојдневно може да се реагира, отколку за било каков проект кој треба да се разговара или пак како форма да влези во новиот буџет, кој што ќе претставува развој или нова инвестиција за општината и за граѓаните во целина“ вели Корлевски.

Скоро половина од соевтничката група на СДСМ беше на денешниот настан на општината.
Тој вели дека веќе имаат подготвени амандмани за буџетот на општината за следната година.












