ТЕРА

REKLAMA???

СО ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА КУМСТВОТО СРБИТЕ ОД БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖАА СВЕТИ САВА

Со кршење на светосавскиот колач Заедницата на Србите од Битола го одбележа националниот празник Свети Сава. Традицијата налага стариот и новиот кум во присуство на свештено лице да го завртат колачот и да го скршат со што се врши примопредавање на кумството.

Заедницата на Србите од Битола овај празник го одбележува и како слава.

„Јас и мојот сопруг Тони Милевски во текот на изминатата година го имавме кумството Свети Сава. Искрено тоа беше голема чест и ни донесе многу изненадувања, радости и не исполни едноставно. Чест ни е да бидеме покровители на овај светец, просветител, душевен водач, така што сметам дека со самото предавање на кумството, на онај што ќе го превземи оваа година им посакуваме исто толку радост и среќа колку што ние имавме во изминатата гопдина“, рече Весна Милевска, кум на славата за минатата година.

Комството годинава му припадна на Ѓеорѓи Јорданов.

„Дојдовме денес да го одбележиме празникот Свети Сава. Тоа за нас е голем празник. Јас прв пат сум кум овде во Битола, многу сум задоволен и што има толку присутни луѓе и расположението е големо. Очекуваме подобри денови, очекуваме подобри времиња, да сме сите здрави и живи“, рече, Ѓеорѓи Јорданов годинашен кум на славата.

Присутните гости ги поздрави претседателот на Заедницата на Србите од Битола Зоран Жугиќ кој говореше за значењето на празникот.

„Чест ми е да ве информирам дека пред 30 години на овај ден една група на Срби енузијасти од Битола решила да оформи едно Здружение, тогашно здружение на Србите и Црногорците во Битола и го зеде Свети Сава како слава на Здружението. Уште тогаш прецизиравме дeкa Свети Сава, нашиот национален празник на Србите и тоа се докажа некаде после 13 до 14 години од основањето. Тие ни овозможија да еве вака да се собираме, повеќето од нив ги нема, не се повеќе меѓу нас, но ете ни овозможија да се собираме секогаш на Свети Сава и да го одбележиме нашиот патрон, нашата слава. Свети Сава е еден од најголемите српски умови. Човек кој работел на образованието, на просветата, на здружувањето и на помирувањето на Србите, рече Зоран Жугиќ, претседател на Заедницата на Србите од Битола.  

Заедницата на Србите од Битола овај празник го одбележуваа точно три децении. Вечерва во Македонскиот народен театар во Скопје ќе се одржи Светосавска академија на која е предвидено обраќање на високи официјални претставници од државава како и од Србија и Република Српска.