ТЕРА

REKLAMA???

СО ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА СЕДНИЦАТА ПРЕТСЕДАВА СОВЕТНИЧКАТА ТОДОРОВСКА

Денеска како што вчера беше најавено, продолжи 26-та седница на Советот на Општина Битола. Вчера медиумите добија известување од Советот дека денеска оваа седница продолжува. Со седницата претседава Марица Тодоровска, како најстар советник од присустните во салата.

Во салата на денешното продолжение се присутни советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, потоа двајцата советници од Левица и советничката од ДОМ.

Не се присутни советниците од СДСМ и коалицијата, советниците од Поинаку, и од ДУИ.