ТЕРА

REKLAMA???

СО РУСКАТА ПИЈАНИСТКА ГАМАЗДА ВЕЧЕРВА ЗАВРШУВА ФЕСТИВАЛОТ МУЗИКА НА СВЕТОТ

Со концерт на пијанистката Гамазда од Русија, вечерва во Битола завршува 17. издание на фестивалот „Музија од светот“.  Светски познатата пијанистка и јутјуб сензација Гамазда е позната по својот уникатен стил и виртуозна интерпретација, кои вечерва ќе ги презентира и пред битолската публика.

Гамазда изгради импресивна меѓународна кариера благодарение на својот препознатлив стил, динамична, енергична и технички беспрекорна интерпретација на култни песни од бендови и изведувачи кои го обликувале модерниот музички свет. Нејзините видеа имаат милионски прегледи, а нејзиното име е синоним за свеж, автентичен и модерен пристап кон рок музиката на пијано.

Преку своите настапи, Гамазда успева да внесе нов живот во легендарни композиции, претворајќи ги во пијано изведби полни со емоција, енергија и раскошна музичка техника. Затоа денес се смета за една од највпечатливите и најследени музички уметници на дигиталната сцена.

Синоќа како дел од фестивалот настапи грчката музичка атракција Коза Мостра. Нивниот енергичен настап ја наполни салата и ја крена атмосферата до максимум, подигнувајќи ја публиката на нозе.