„Св. Сава“ е национален ден на Србите во Македонија. Веќе е традиција одбележувањето на овој празник во Битола од страна на Српската заедница со традиционалната Светосавска трпеза. На овој ден се прави обредот на примопредавање на кумството.
Централната прослава на „Св.Сава“ во Македонија се одржа во Скопје со свечена академија, од која беа испратени многу пораки за соживот и економска, политичка соработка, но и духовно и црковно помирување.
Исто така имаше и богата културно-уметничка програма со некои од врвните белградски и спрски оперски изведувачи и првиот белградски аматерски хор и уметничкиот ансамбл на српското министерство за одбрана.












