Попладнево советникот од Поинаку, Иван Чулакоски на својот фејзбук профил напиша дека после режирана претстава заедно со СДСМ кои ја напуштија седницата, ВМРО ДПМНЕ противзаконски ја продолжи прекинатата седница, промени претседател на совет и си продолжи со гласање на нивната агенда во полупразна сала, пишува меѓу другото советникот Чулакоски и додава „ Ликовите можи се сменија ама матрицата е иста. Еве ви ново мнозинство“ вели тој.

Побаравме одговор од координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Бојкоски.

„Откако СДСМ ја напуштија седницата, беше побарана пауза од претседателката на Совет, потоа имавме координација на сите координатори на советничките групи, потоа продолжи седницата каде што претседателката на Советот не информира дека седницата ќе биде прекината поради тоа што и биле потребни дополнителни консултации по однос на материјалите за точките предложени на дневниот ред иако за тоа имавме комисии и ја напушти седницата. Ние како советничка група побаравме од страна на раководителот на одделението за координација на советот да не информираат за следните чекори. Бидејќи не беше донесена одлука формално и правно да се прекини седницата, а така требаше да биде донесена согласно деловникот за работа на Советот, ни беше укажано дека седницата треба да продолжи со работа и ние постапивме согласно член 56 од советот каде што ја продлживме седницата со која претседава најстариот член во советот и седницата продолжи со работа“, рече Бојкоски.
Со седницата претседава советничката од ВМРО ДПМНЕ, Марица Тодоровска. Советниците продолжија со работа по предвидените точки од дневниот ред.












