Со сирена и едноминутен молк денеска попладне пред битолската болница се одржа третиот протест поради смртта на 6 годишното девојче Јана која почина на Клиниката во Битола.

„Денес сме тука да испратиме силна порака со два моменти. Првиот момент е оваа сирена која стои до мене да ја вклучиме, а со тоа да го вклучиме алармот во битолската болница затоа што работата станува повеќе од алармантна. Недозволиво е во 21 век и толку напредна медицина да ни заминуваат на ваков начин нашите најмили. Вториот момент е едноминутно молчење и да одадеме почин за прераната смрт на нашата Јаничка и на сите дечиња кои ја доживеале нејзината судбина воопшто“, рече Игор Петковски, кум на Јана.













