Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 л/м2, а локално и над 50 л/м2 дожд.
Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.
На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка. Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.











