ТЕРА

REKLAMA???

СО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ, ВО БИТОЛА ДО 31 СТЕПЕН

Утрово 10 степени во Берово, 14 Битола, Крива Паланка, 16 Тетово, Скопје-Петровец, Претор, 17 Куманово, Струмица, 18 Охрид, Крушево, Демир Капија, Штип, 20 Виница, 21 Гевгелија, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и утринава во западните делови беше ведро, а во источните со мала до умерена облачност. Понекаде дуваше слаб до умерен ветер претежно од  северен до североисточен правец.

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот претежно во планинските региони ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. Во Битола до 31 степен.