ТЕРА

REKLAMA???

СПАСЕВСКА: ТУКА СМЕ ДА ГО ЗАШТИТИМЕ НАШЕТО СЕМЕЈСТВО

На плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа општ семакедонски Собор за заштита на семејните вредности, така беше најавен на социјалните мрежи.

„Тука сме да го заштитиме нашето семејство, нашите деца и човештвото од изумирање. Ќе ги штитиме нашите семејства по секоја цена, ќе го штитиме нашиот пород и ќе градиме иднина за неродените и тоа онаква каква што семејството заслужува“ рече Драгана Спасевска, која беше модератор.

Семејството е еден од најважните столбови на едно здраво и нормално општество, наше е да го негуваме и заштитеме, беше речено од страна на организаторите, Македонското обединувачко движење од Битола.

Пред присутните со благослов на митрополитот Петар се обрати Протоереј Златко Костовски.

„Бракот како заедница на два пола, машки и женски претставува најопиплива реалност на човечкиот живот. Семејството од секогаш е основна ќелија на општеството и тоа е темелот од кој се почува и на кој се се надоградува. Еден познат богослов рекол: кога сите столбови на човечкото општество ќе се срушат, а семејството остане христијанско недопрено, сепак ќе биде во состојба да одржи се. Меѓутоа ако овој последен столб на моралниот живот од општеството се сруши, тогаш неизбежно ќе падне целата зградата на животот“ рече протоереј Златко Костовски.

Денес институцијата семејство е под големо искушение и секојдневно трпи удари кои често и скриено и се задаваат, рече тој.

Имаше и транспаренти на кои пишуваше „Семејството пред се“, „ Од памтивек мајка и татко“, „Семејството столб на нацијата“, „Не за родител 1 и родител 2.