Со доделувањето на наградите и изведбата на претставата Куфер.мк. официјално беше затворено 26-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола 2025.
Гран при на фестивалот: „Лирско вилинско коњче”, Театар МикрОпера – Сарагоса, Шпанија.
Најдобар актер: Роналд Ранд, САД, за претставата „Нека биде уметност!”
Најдобра режија: Невена Митева, Бугарија, за претставата „Декамерон”
Дополнително, публиката ја додели својата награда на претставата „ Декамерон“ во изведба на Ана Петрова, Државен куклен театар – Сливен, Бугарија.
Специјално признание и плакета за особен придонес во развојот на фестивалот ѝ беше врачена на Љупка Коларова Пајевиќ, основач и долгогодишен организатор.












