ТЕРА

REKLAMA???

СПОРТСКИТЕ НАСТАНИ И ОПШТИНСКИТЕ ТАКСИ 2 ДЕЛ

Дали маратонските трки што се одржуваат во Македонија- во Скопје, Битола,Охрид… низ сообраќајници се ненаплатени пари од општините кога се работи за наплата на комуналната такса? Во второто продолжение на оваа тема разговаравме со дел од советниците. Нејасно е дали битолскиот тарифник за користење на јавен простор може да се примени на јавен пат.

Два последователн настани – еден културен еден спортски настан измината недела доведоа да комплетно затворање на улиците и неможност за одвивање на сообраќајот.

Општина Битола, а и другите единици на локална самоуправа имаат посебен ценовник- тарфник за користење на јавен простор. Тоа во Битола е 7 денари од метар квадратен дневно, доколку се реализираат комерцијални активности.

Во насока кон стимулација на граѓанското ангажирање во ваквите настани, градоначалниците – сите досега, како спонзорство од градот се откажуваат од наплата на таа такса. Советниците што ги прашавме немаат сознание дека градоначалниците го имаат тоа право дадено со одлука – која, ако има, е  одамна донесена.

Габриела Илиевска, Претседателка на Совет на општина Битола „Јас неможам да ви одговорам на тоа прашање, треба да му го поставите на градоначалникот. Исто така, морам да ви кажам дека се она што се одвива во општината како настани постои како некоја Комисија за евалуација којашто одредува средства како ќе се даваат и на кој начин истите ќе бидат искористени .“

Горан Велевски , Левица „ Мислам дека своеволно се откажуваат на еден начин. Таква одлука (тарифникот н.з) како што кажавте одамна е помината на Совет така што , пред советниците такви одлуки , за спонзорирањето треба често да има за да имаме сите едно заедничко мислење.“

Методија Илиевски, СДСМ – „Нема такво право, имаме донесено тарифник во кој се знае колку финансиски средства треба да плати организаторот за обезбедување на некој одреден простор што би го користел било кој во нашиот град.“

Друга е ситуацијата доколку настаните се дел од одредена програма, а уште повеќе ако се дел од БИТФЕСТ. Тогаш во комплетната реализација на граѓанските здруженија комплетната логистика, вклучително и таксата на општината и е пресметана.

Бојан Бојкоски, ВМРО-ДПМНЕ – „Во однос на настанот што го кажувате , настанот организиран во објектот кај малото пионерче беше дел од програмата на БИТФЕСТ. Доколку имало некакво затворање на улица тоа требало организаторот соодетно да си го најави согласно позитивните законски прописи коишто владеат. “

Уште едно прашање се наметнува кога се прави споредување меѓу затворање на пешачка зона и коловоз, место кадешто се одвива сообраќај на возила. Дали тарифникот за користење и вршење на дејност може да се примени на сообраќајниците или, дилемата дали јавниот пат е јавен простор ?

Горан Велевски, „Мислам дека проблемот е законската недореченост , споменавте ул. Рузвелтова, имаме ние и затворања на Широк Сокак, кога се прават трки угостителите ги повлекуваат масите, со тоа што дали било во екот на сезоната или во екот на ноќта кога профитот на угостителите е важен, а тие регуларно си плаќаат од метар квадратен тарифа.Последниот пат имаше и некоја забуна помеѓу угостителите и сите граѓани кои се опфатени со такво попречување, мислам дека се работи за недореченост на законот. Мое мислење е , ако погледнеме уназад кој ги прави тие настани , сите се лица кои се блиски на Општината, така што не можам да дефинирам дали точно се работи за неизреченост во законот, тоа што го гледам во пракса е малку чудно.“

Методија Илиевски, „Според мене тие се позитивни моменти затоа што гледаме дека градот се шири, дека она што години наназад се случуваше само на Широк Сокак , сега почнуваат да се бараат алтернативни или некакви други простори кои се  веќе интересни за организирање на настани. Затоа ние тука сме Совет, имаме тела и комисии, мораме да ги следиме трендовите пред се на организирање на настани , исто како што ќе ве потсетам работи Комисијата за урбанизам, кадешто во неколкуј наврати ја изменуваме програамта за уредување на јавните простори односно поставување на урбаната опрема. Значи, тоа е жива материја . Нормално мора да биде контролирана, неможе да биде хаос и безредие кој и да прави кадешто сака., Затоа треба да донесеме можеби во иднина еве поучени од оваа ситуација некаов правилник за обезбедување односно користење на јавните простори на градот, а во која форма ќе бидат тие во кое време , дополнително нека утврдат.“

Бојан Бојкоски- „Сите коишто бараат некакво изнајмување на простор, доколку тоа е побарано од организаторот им е овозможено од страна на Општина Битола. По однос на тарифникот, тоа важи во делот на јавен простор кадешто се организираат настани. Досега се имаат организирано настани на плоштадот Магнолија, плоштадот Гоце Делчев и градскиот парк . Секаде кадешто се организираат такви настани организаторот си поднесува барање , како што поднесуваат барање и политичките партии кога ние организираме некакви настани – поднесуваме барање по однос на плоштадите и соодветно се издава одобрение од страна на Општина Битола.“

Општина Битола е транспарентна во однос на сите собрани општински такси – ги објавува во своите квартални извештаи и завршната сметка кои за граѓаните ги има објавено и на официјалната интернет страница.

Но, постојат и настани во кои многубројни учесници плаќаат котизација за учество. Таков е последниот пример со спротската трка „трчај бе“. Организаторот пријави учество на 1.800 ученици кои платија по најмалку 1000 денари. Оваа илустрација ги отвора прашањата за големината на граѓанските здруженија и принципот на еднаквост што се применува при спонзорирање на настаните со градска такса.