ТЕРА

REKLAMA???

СРЕДБА НА ИЛИЕВСКА СО ШЕФОТ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ

Шефот на мисијата на ОБСЕ, Амбасадорот Килиан Вал при посетата на Општина Битола, оствари средба со Претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска.

Во соопштението од ПОИНАКУ се вели дека на средбата се разговарало за проблемите и предизвиците со кои се соочува Илиевска секојдневно, како Претседател на Советот, како жена, но и како претставничка која доаѓа од граѓанскиот сектор.

Се осврнаа на проектите на кои моментално се работи во општина Битола, на работата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, но и како во идинина би можеле да соработуваат Општина Битола со Мисијата на ОБСЕ.