ТЕРА

REKLAMA???

СРЕДБА СО ОРБАН, А ПОТОА И МЕЃУВЛАДИНА СЕДНИЦА ВО ОХРИД

Заедничка меѓувладина седница денеска ќе одржат премиерот Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера и денеска е во официјална посета на земјава, заедно со делегација од унгарската Влада.

Седницата ќе се одржи во хотелот Инекс Олгица во Охрид, а веднаш потоа на истата локација се очекува двајцата премиери да одржат прес-конференција.

Унгарскиот премиер, кој ја предводи владината делегација, од вчера е во посета на земјава.

„Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка.

Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво.

Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција“ рече Мицкоски.

Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.

 

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е и прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.