ТЕРА

REKLAMA???

СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖА ВИДОВДЕН

Српската заедница во Битола викендов го одбележа српскиот национален и религиозен празник Видовден. Положија свежо цвеќе на српскит гробишта и традиционалниот излет во Буковски Манастир.

Свеќа за починатите и за сите кои укажуваат почит кон оставштината на српските војници од косовската битка во 1389 година. Српоската заедница и годинава ја испочитува и однегува традицијата – се одбележа важниот националнен, етнички и религиозен празник Видовден.  Вчера заеднички со традиционалниот излет до Буково и црквата свето Преображение. Милан Лубура е  од одборот за одбележување.

„ Денеска сме овде традиционално како и секоја година да го одбележиме овој велик ден за српскиот народ и историјата. Но Видовден не е само ден за сеќавање на косовската битка туку и ден кога се потсетуваме од каде сме, кои сме и кои се жртвите на нашите предци за верата, слободата и честа. Со ова собирање тука покажуваме дека ги почитуваме и своите корени без разлика каде живееме. Видовден не учи дека за слобода е потребно жртвување, но и дека тие жртвувања никогаш не се забораваат.“ – ни рече Милан Лубура, од одборот за одбележување на празникот.

Видовден е симболот на воинствениот дух на Србите, најпрвин заради косовската битка, како една од војно најмасовните и организирани спротивставувања на српскиот народ против османлите иако српското царство на Цар Душан се раздробило по неговата смрт. Војската на тогаш Косово и Метохија била предводена од кнезот Лазар, еден велможите кои завладеале со деловите од Душановото царство, владетел на Рашка и денешна централан Србија чија престолнина била во Крушевац.  Српската војска била разбиена, иако и самите Турци претрпеле големи загуби. Кнезот Лазар и дел од благородништвото се заробени и веднаш погубени: Србија била поразена. Кнезот бил прогласен за светец, а заедништвото за кое просветлувал се празнува до денес, како верски празник.

Светосавскиот кум Милан Мишковиќ, зборуваше за српската заедница во градот.

И тому како сите верски празници на православните христијани, се одбележува како куќна слава, со помен и сеќавање на големите настани кои го обликувале српскиот менталитет и држава. Традиционална веселба нема, но затоа има традиционален заеднички ручек.

Даница Николовска е координатор  / домаќинка на прославата. За се да биде како што треба, таа и неколку од членовите на српскиот клуб мора да бидат во манастирот ден претходно.

Мишковиќ и Лубура од името на сите вчера упатија и голема благодарност до Преспанско-Пелагониската епархија којашто 3 децении им ја овозможува заедничката прослава на великиот христијански празник што е и национален српски  во буковскиот манастир.

Во рамките на одбележување на Видовден, претставници на српската заедница во Битола, беше положено и свежо цвеќе на српските гробишта во Битола.