ТЕРА

REKLAMA???

СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ КОИ „ПАТУВАА ЗА ПРАВДА“ СТИГНАА ВО БРИСЕЛ

Српските студенти кои на 25 април од Нови Сад тргнаа во штафетен ултрамаратон низ Европа кон Брисел синоќа беа пречекани од повеќе стотици граѓани на бриселскиот плоштад „Шуман“, каде се наоѓаат и седиштата на Советот на ЕУ и Европската комисија.

Во рамки на ултрамаратонот насловен „Од Нови Сад до Брисел – Патување од 1.950 километри за правда“, 21 студент од Србија, пред да стигнат до Белгија, со штафетно трчање минаа низ Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Луксембург.

Студентите беа пречекани со погача и сол и им беа врачени медали и плакети за успешно истрчаниот маратон.

Пристигнувајќи во Брисел тие порачаа дека се борат против системот на молк и омраза и дека говорат гласно и за оние кои се принудени да молчат, покажувајќи дека заедништвото е нивната сила. Тие нагласија дека нема да бидат запрени и замолчени и дека ќе се борат се додека на победи правдата.

Маратонот е дел од шестмесечната кампања за барање одговорност и правда за 16-те загинати при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

Предвидено е за време на престојот во Брисел студентите-маратонци да се сретнат со претставници на повеќе европски институции за да разговараат за „нивните барања за одговорност, правда и демократија“.

МИА