ТЕРА

REKLAMA???

ССМ ЗАПОЧНА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК – ПОСТАВИЈА 120 СТОЛЧИЊА ПРЕД СОБРАНИЕТО

ССМ утрово постави 120 столчиња пред Собранието потсетување до пратениците да го прифатат нивниот амандман на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска стапија во генерален штрајк.

– Како што најавивме денеска цела Македонија штрајкува во јавниот сектор, а ССМ бара поддршка од народните избраници за поднесениот амандман 2 806 денари за сите работници веднаш и сега или убаво кажано од 1 јули, бидејќи знаеме дека тие пари ни се неопходни со ова сè што ни се случува – двоцифрена инфлација, ценовни шокови, најавена енергетска криза, најавено покачување на струјата од 10 проценти. Го охрабрам работникот да се избори за своите права, да се избори за својата егзистенција која ни е неопходна во моментот, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Димовски посочи дека од сите народни избраници од сите политички партии кои нема да ја дадат поддршката на работниците преку прифаќање на амандманот, ќе биде побарана оставка врз основа на легитимното право што го имаат како претставници на работниците како ССМ.

– Затоа ги повикувам сите народни избраници од сите политички партии нека дојдат денеска, нека ја дадат поддршката не на ССМ, на работникот преку прифаќање на амандманот од 2.806 денари веднаш и сега, бидејќи доколку и ова не се случи штрајкот кој се одвива во моментов им е Дамаклов меч на сите јавни функционери – политичари. Ова го кажувам одлучно и решително и сите колеги зад мене и сите работници се согласуваат, бидејќи ние сме ги избрале за да ги унапредуваат и чуваат нашите права и да ни излезат во пресрет сега кога ни е најпотребно, кога не знаеме утрото што ни носи, кога не знаеме колкава инфлација другиот ден не чека, кога не знаеме какви цени во продавниците не чекаат, изјави претседателот на ССМ.